НЕТАНЈАХУ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА ЌЕ ЗАВРШИ АКО ХАМАС НЕ ГИ ОСЛОБОДИ ЗАЛОЖНИЦИТЕ ДО САБОТА НАПЛАДНЕ

    НЕТАНЈАХУ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА ЌЕ ЗАВРШИ АКО ХАМАС НЕ ГИ ОСЛОБОДИ ЗАЛОЖНИЦИТЕ ДО САБОТА НАПЛАДНЕВо првата фаза треба да бидат ослободени уште 17-мина заложници (Фото: АП)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека примирјето во Газа ќе заврши ако Хамас не ги ослободи заложниците до сабота напладне. Ова денеска го побара и Доналд Трамп.

    Тукушто го завршив четиричасовниот состанок на политичко-безбедносниот кабинет и изразивме гнев поради шокантната состојба на тројцата заложници кои беа ослободени во саботата. Го поздравуваме барањето на Доналд Трамп за ослободување на сите заложници до сабота напладне и ја поздравуваме неговата револуционерна визија за Газа. Поради одлуката на Хамас да го прекрши договорот за примирје со тоа што го одложи ослободувањето на заложниците, ѝ наредив на војската да ги зголеми своите сили во и околу Појасот Газа. Ако Хамас не ги врати заложниците до сабота напладне, примирјето ќе биде прекинато и Израелските одбранбени сили ќе продолжат со жестоки борби до целосното уништување на Хамас“, изјави Нетанјаху.

    Нејасно е дали тој бара ослободување на сите заложници. Откако почна примирјето, Хамас ослободи 16-мина израелски заложници и петмина Тајланѓани во замена за стотици палестински затвореници. Во првата фаза треба да бидат ослободени уште 17-мина заложници, од кои осуммина биле мртви.

    Следната размена требаше да се случи в сабота, но Хамас синоќа објави дека прекинува со ослободувањата зашто Израел го крши договорот за примирје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира