НЕТАНЈАХУ СМЕТА ДЕКА ПРИМИРЈЕТО СО ХЕЗБОЛАХ ЌЕ ГО ИЗОЛИРА ХАМАС, КОЈ КАЖА ДЕКА Е СПРЕМЕН ЗА ДОГОВОР ЗА ГАЗА

    НЕТАНЈАХУ СМЕТА ДЕКА ПРИМИРЈЕТО СО ХЕЗБОЛАХ ЌЕ ГО ИЗОЛИРА ХАМАС, КОЈ КАЖА ДЕКА Е СПРЕМЕН ЗА ДОГОВОР ЗА ГАЗАРаселените жители се враќаат кон селата во јужен Либан (Фото: АП)

    Хамас позитивно реагираше на примирјето постигнато помеѓу Израел и Хезболах и се надева дека сличен договор ќе може да се постигне и за Газа.

    „Ги известивме посредниците во Египет, Катар и Турција дека сме спремни за договор за примирје и за сериозен договор за размена на заробеници“, изјави функционер на Хамас.

    Судирите помеѓу Израел и Хезболах почнаа паралелно со војната во Газа во октомври 2023. Разговорите за примирје во Газа се во застој со месеци, при што Катар неодамна се повлече од улогата на посредник помеѓу Израел и Хамас.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека крајот на борбите во Либан ќе ѝ овозможи на израелската војска да се фокусира на „иранската закана“ и ќе го зголеми притисокот врз Хамас, кој сега ќе биде поизолиран. Хезболах долго време се сметаше за првата линија на одбрана на Иран, а сега кога најголемиот дел од арсеналот на групата е уништен, воената рамнотежа помеѓу Иран и Израел се навалува во полза на Израел.

    Според договорот за примирје, израелските сили постепено ќе се повлекуваат од јужен Либан во следните 60 дена, а либанската војска ќе распореди 5.000 припадници на територијата покрај границата со Израел за да се осигура Хезболах да не ја изгради повторно својата инфраструктура.

    Хезболах официјално не се огласи за примирјето и иако кажа дека го поддржува проширувањето на овластувањата на либанската држава, најави дека ќе се вратат уште посилни по оваа војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира