НЕТАНЈАХУ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ИМА КОПНЕНА ИНВАЗИЈА НА ГАЗА, НО НЕ КАЖА КОГА

    НЕТАНЈАХУ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ИМА КОПНЕНА ИНВАЗИЈА НА ГАЗА, НО НЕ КАЖА КОГАМинистерството за здравство на Газа објави дека досега се убиени повеќе од 6.500 цивили (Фото: Гети)

    Израел подготвува копнена инвазија на Газа, потврди премиерот Бенјамин Нетанјаху, без да прецизира кога таа би почнала. Тој кажа дека одлуката за тоа кога израелските сили ќе влезат во палестинската енклава ќе ја донесе специјалниот воен кабинет на владата.

    Веќе убивме илјадници терористи и тоа е само почеток. Истовремено, подготвуваме копнена инвазија. Нема да откријам кога, како и колку“, кажа Нетанјаху.

    Израел деноноќно ја бомбардира Газа од нападот на Хамас на 7 октомври и воведе целосна опсада на енклавата, каде што хуманитарните залихи се на критично ниско ниво. Војската кажа дека копнените сили вчера нападнале повеќе цели на Хамас во Газа, по што се повлекле, што беше опишано како најголемиот упад од почетокот на војната.

    Министерството за здравство на Газа објави дека досега се убиени повеќе од 6.500 цивили.

    Повикувајќи се на американски и израелски функционери, „Вол стрит џурнал“ објави дека Израел се согласил засега да ја одложи копнената офанзива за да им се даде време на САД да распоредат противвоздушна одбрана во регионот заради заштитата на американските сили во случај на проширување на конфликтот.

    Вашингтон е загрижен дека Иран и исламистичките групи поддржани од Иран би можеле да го ескалираат конфликтот, напаѓајќи ги американските трупи на Блиски Исток. Израелски упад во Газа би можел да биде поттик за нив“, изјави еден американски функционер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира