Стапката на невработеност во САД стигна до 14,7%, откако пандемијата на коронавирусот ја уништи економијата и само во април остави без работа 20,5 милиони луѓе. Ова е најлошата економска ситуација во земјата од Големата депресија во 1930-ите, откако пред само два месеца невработеноста изнесувала 3,5%, најмалку во последните 50 години.
„Ова е нешто невидено досега. Ние ја ставивме нашата економија во состојба на вештачка кома со цел да се справиме со пандемијата и тоа доведе до невидена загуба на работни места во поновата историја“, вели економистката Ерика Грошен од Универзитетот Корнел.
Извештајот на Министерството за труд покажа дека пад има во сите сектори на економијата. Во изминатите шест недели, повеќе од 33 милиони Американци поднесле барање за бенефиции за невработеност.
Економската криза не е карактеристика само на САД. Англиска банка предупреди дека Велика Британија се соочува со најголемата рецесија досега, додека невработеноста во Канада порасна на 13%.