Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави воведување низа бенефиции за семејствата, како дел од напорите на владата да го зголеми наталитетот. Тој, исто така, изјави дека владата има за цел да го задржи економскиот раст на земјата за два проценти над просекот на Европската Унија.
„Во Европа се раѓаат сè помалку и помалку деца. За западот, одговор на овој предизвик е имиграцијата. Секое дете што недостига треба да се надомести и во тој случај бројките ќе бидат во ред. Но, нам не ни требаат бројки. Нам ни требаат унгарски деца“, изјави Орбан во своето годишно обраќање до нацијата.
Новите мерки предвидуваат проширување на програмата на заеми за семејствата со најмалку две деца, за да им се помогне да купат дом и автомобил, а за жените со најмалку четири деца ќе се укине персоналниот данок.
Жените кои првпат ќе се омажат после 40-та ќе можат да конкурираат за субвенциониран заем од 10 милиони форинти (36.000 долари).
„Третина од долгот ќе биде простена во случај на второ дете, а за трето ќе биде целосно избришан. Тоа е одговорот на Унгарија, не имиграцијата“, додаде Орбан.