НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ НА НЕУСПЕХ – ПОЧИНА МУХАМЕД АЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:38:"САД(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ НА НЕУСПЕХ – ПОЧИНА МУХАМЕД АЛИ

    Мухамед Али, спортскиот великан и еден од најславните современи личности почина на 74 години. Трикратниот боксерски светски шампион во тешка категорија и борец за граѓански права, кој без лажна скромност самиот се прогласи за најдобриот на сите времиња, почина во болницата во Феникс, каде што ги поминал последните неколку дена, лекувајќи се од респираторни компликациии. Али 32 години се бореше со Паркинсоновата болест. Погребот ќе се одржи денес во неговиот роден град Луисвил, Кентаки.

    Кога се прогласив дека сум најдобриот на сите времиња, верував во себе и сѐ уште верувам во тоа“, Мухамед Али

    Кога се прогласив дека сум најдобриот на сите времиња, верував во себе и сѐ уште верувам во тоа“, Мухамед Али

    Во последните неколку години, болеста се засилила и едвај можел да зборува. По барање да ја сподели својата лична филозофија, во 2009, тој и неговата сопруга прочитале есеј, каде во еден дел велат:

    „Никогаш не размислував за можноста од неуспех, туку само за славата и успехот што ќе ги добијам кога ќе победам. Можев да видам, да го почувствувам тоа. Кога се прогласив дека сум најдобриот на сите времиња, верував во себе и сѐ уште верувам во тоа“.

    Достигнувањата на Мухамед Али како боксер се импресивни: неговата професионална кариера траела 21 година, во која победил во 56 борби, 37 со нокаут, а загубил само 5.

    Али во 60-тите беше млад шампион во тешка категорија, кога го прифати исламот како своја религија и одби да служи во Виетнамската војна. Со овој потег, тој стана симбол на сила, елоквентност, совест и храброст. Тој се спротивставуваше на наметнатиот естаблишмент и ги поместуваше границите и бариерите, расата и религијата.

    „Ова е тој вид на несебично, храбро дело кое денеска до болка ни фали. Кој од нас би ризикувал сѐ заради она во што верува, за да го прави она за што во срцето верува дека е исправно? Никогаш не е доцна“, напиша денес Мајкл Мур во неговиот последен поздрав до Али

    „Ова е тој вид на несебично, храбро дело кое денеска до болка ни фали. Кој од нас би ризикувал сѐ заради она во што верува, за да го прави она за што во срцето верува дека е исправно? Никогаш не е доцна“, напиша денес Мајкл Мур во неговиот последен поздрав до Али

    Оскаровецот Мајкл Мур вели дека неговиот омилен Мухамед Али момент е кога го прашале дали ќе служи војска во Виетнам:

    „Зошто би барале од мене да облечам униформа и да одам на 10.000 милји од дома да фрлам бомби на кафени луѓе во Виетнам, кога таканаречените Црнци во Луисвил се третирани како кучиња и им се одземени најобичните човекови права? Не, нема да одам на 10.000 милји од дома за да помагам убиство и да горам уште една сиромашна земја само за да ја продолжам доминацијата на белите робовладетели над потемните луѓе низ целиот свет. Ова е ден кога на такви зла мора да им дојде крајот. Ме предупредија дека овој став ќе ме чини милиони долари. Ама реков и пак ќе речам. Вистинскиот непријател на мојот народ е тука. Нема да ја обесчестам мојата религија, мојот народ или себеси така што ќе станам средство за поробување на оние кои се борат за своја правда, слобода и еднаквост… Ако верував дека војната ќе донесе слобода и еднаквост на 22 милиони од мојот народ, немаше да треба да ме регрутираат, утре би пошол во војска. Немам што да изгубам со тоа што ќе си стојам на мојата верба. Па ќе одам в затвор, па што ако? В затвор сме 400 години.“

    Откако го задржал овој став и одбил да биде регрутиран во американската војска, Али бил уапсен, осуден како престапник, одземени му се сите боксерски титули, му било забрането да боксува било каде и добил затврска казна оти одбил да оди во Виетнам. Се жалел сѐ до Врховниот суд, каде победил.

    „Ова е тој вид на несебично, храбро дело кое денеска до болка ни фали. Кој од нас би ризикувал сѐ заради она во што верува, за да го прави она за што во срцето верува дека е исправно? Никогаш не е доцна“, напиша денес Мајкл Мур во неговиот последен поздрав до Али.

    Иако неговото здравје се влошуваше последниот период, Али во декември го критикуваше републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп, кој тогаш изјави дека треба да им се забрани влез на муслиманите во САД.

    „Ние како муслимани треба да им се спротивставиме на оние кои го користат исламот за да ги унапредат своите лични агенди“, рече тој.

    Роден како Касиус Клеј Маркел на 17 јануари, 1942 во Луисвил, Кентаки, бил дете на родители од средната класа. Али започнал со бокс кога имал 12 години, освојувајќи „Златни ракавици“ пред да замине за Олимписките игри во 1960 во Рим, каде што го освои златниот медал во тешка категорија. Кратко потоа, станал професионалец. Кога неговата кариера како боксер почнала да цвета, Али се спротивставил на американскиот расизам. Откако не го послужиле на каса кога купувал сок, тој рече дека го фрлил олипмискиот медал во река.

    Неговото преминување во исламот ги подели неговите спортски фанови и американската јавност. Тој успешно ја одбрани својата титула шест пати, вклучително и реваншот со Листон. Потоа, во 1967, кога му пристигнала поканата за да служи војска во Виетнам, Али одбил.

    „Мојата совест не ми дозволува да одам и да пукам во брат ми, или во некои потемни луѓе, сиромашни, гладни луѓе во калта, за голема и моќна Америка, и да пукам во нив за што?“, изјави Али во едно интервју.

    „Тие никогаш не ме нарекле црнец. Никогаш не ме линчувале и не пуштале кучиња по мене“, изјави Али.

    Тој успешно ја одбрани титулата сѐ до 1978 кога беше победен од младиот Леон Спинкс, а потоа брзо ја врати назад победата. Али се повлече во 1979, кога имаше 37 години, а наредната година се врати за уште еден натпревар со Лари Холмс, кој го изгуби. Изгуби и наредната година во борба со Тревор Бербик, по што Али конечно замина во пензија.

    По боксот, тој се посвети на патувањето, појавувајќи се на бројни хуманитарни настани. Али се сретна и со огромен број на претседатели, кралски семејства, шефови на држави и со папата. Во 2005, американскиот претседател Џорџ Буш, му го додели на Али Претседателскиот медал на слободата, а во неговиот роден град Луисвил го отвори центарот Мухамед Али, кој го бележи неговиот живот, но е и место за промовирање толеранција и почит.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари