НИТУ ЕДЕН ЛЕК ЗАСЕГА НЕ ПОКАЖА ЕФИКАСНОСТ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛАТ ОД ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ

    НИТУ ЕДЕН ЛЕК ЗАСЕГА НЕ ПОКАЖА ЕФИКАСНОСТ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛАТ ОД ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИДве вакцини веќе се влезени во првата фаза од клиничко тестирање, каде што се тестираат здрави волонтери. (Фото: ЕМА)

    Изминатите неколку недели и месеци, Европската агенција за лекови (ЕМА) имаше соработка со многу производители на лекови и многу истражувања се во тек, но, во овој момент, врз основа на прелиминарните податоци до кои дојде ЕМА, ниту еден лек засега не покажа ефикасност во третирање на КОВИД-19, се вели во најновото соопштение на агенцијата на Европска унија.

    Тимот на ЕМА задолжен за КОВИД-19 е во контакт со производители на околу 40 лекови, и меѓу потенцијалните третмани за КОВИД-10 кои што се во клиничко тестирање да се процени нивната безбедност и ефикасност против болеста се:

    • ремдесвир (во фаза на истражување)
    • хлорокин и хидрохлорокин (одобрен на национално ниво како лек за маларија и извесни автоимуни болести како ревматски артритис)
    • лопинавир/ритонавир (одобрен како лек за ХИВ)
    • системски интерферони, посебно интерферон бета (одобрен за лечење болести како мултипла склероза)
    • моноклонски антитела со активност против компоненти на имуниот систем

    ЕМА го поздравува големиот број на клинички тестирања бидејќи тие се неопходни да се дојде до робусни податоци потребни да се соберат докази кои лекови навистина се успешни и потоа да им се даде соодветен совет на медицинските лица и пациентите.

    ЕМА, исто така, имаше дискусии со производители на неколку потенцијални вакцини за КОВИД-19. Како што велат од ЕМА, две вакцини веќе се влезени во првата фаза од клиничко тестирање, каде што се тестираат здрави волонтери.

    Генерално, тешко е да се предвиди временска рамка за производство на медицински производи и врз основа на достапните информации и претходните искуства, ЕМА предвидува дека можеби ќе биде потребно најмалку една година пред вакцина за КОВИД-19 да биде одобрена и на располагање во доволни количества за широка употреба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира