НИЗА НАПАДИ НА РУСКИ ПОГРАНИЧНИ РЕГИОНИ, ДВЕ ЖЕНИ ЗАГИНАЛЕ ВО БЕЛГОРОД

    НИЗА НАПАДИ НА РУСКИ ПОГРАНИЧНИ РЕГИОНИ, ДВЕ ЖЕНИ ЗАГИНАЛЕ ВО БЕЛГОРОДКиев досега ја негираше вмешаноста во прекуграничните напади (Фото: Гети)

    Две жени се убиени во гранатирањето на рускиот пограничен регион Белгород, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков. Тој кажа дека тие биле погодени со шрапнели додека патувале со автомобил близу селото Маслова Пристан.

    Официјални лица кажаа дека со артилерија и дронови биле нападнати и соседните региони Курск и Брјанск, каде што имало оштетени згради.

    Киев досега не го коментираше ова и порано ја негираше вмешаноста во прекуграничните напади, за кои тврдеше дека ги изведуваат руски противвладини групи.

    Паравоената група Легија слободна Русија (ФРЛ) објави дека е вклучена во воени операции кај селото Новаја Теволжанка во Белгород. Според неа, двајца цивили загинале откако руската артилерија по грешка го гранатирала нивното возило, сметајќи дека во него се припадници на ФРЛ. Оваа група вели дека се бори против владата на Путин, со цел да создаде Русија која ќе биде дел од слободниот свет.

    Дронови со долг дострел погодиле два града во регионот Смоленск, изјави локалниот гувернер, а една експлозија била регистрирана во шума во регионот Калуга.

    Во изминатите недели се зголеми бројот на напади на руската територија, најчесто на Белгород.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира