Нобеловата награда за физика за 2024 им припадна на Американецот Џон Хопфилд и на британско-канадскиот компјутерски научник Џефри Хинтон за нивната револуционерна работа на машини кои учат. Како што објави Нобеловиот комитет, тие се наградени за основни откритија и пронајдоци кои овозможуваат машинско учење со вештачки невронски мрежи.
Деведесет и едногодишниот Хопфилд е најпознат по неговата студија за асоцијативна невронска мрежа од 1982 и овој модел денес е познат како Хопфилдова мрежа.
И Хинтон (76) посветил добар дел од својата работа на вештачки невронски мрежи и денес се смета за „татко на вештачката интелигенција“.
Тие ќе поделат награда од 965.000 евра.