НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ПИОНЕРИТЕ НА НАУКАТА НА КВАНТНИ ИНФОРМАЦИИ

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ПИОНЕРИТЕ НА НАУКАТА НА КВАНТНИ ИНФОРМАЦИИНаградата ќе ја поделат Французинот Ален Аспект, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Целингер (Фото: АП)

    Тројца научници ќе ја поделат годинашната Нобелова награда за физика за нивните истражувања во квантната механика, науката која ја опишува природата во најмалите размери. Таа ќе им припадне на Французинот Ален Аспект (75), Американецот Џон Клаузер (79) и Австриецот Антон Целингер (77).

    Тие имаат спроведено револуционерни експерименти чии резултати доведоа до развој на нови технологии засновани врз квантни информации.

    „Науката на квантни информации е енергична област која брзо се развива. Таа има потенцијално широка примена во области како безбеден трансфер на информации, квантно пресметување и технологија на сензори“, соопшти Нобеловиот комитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира