НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ ЗА ОТКРИТИЈА ВО КВАНТНАТА МЕХАНИКА

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ ЗА ОТКРИТИЈА ВО КВАНТНАТА МЕХАНИКАГодинашните лауреати доаѓаат од Бритаиија, Франција и САД (Фото: АП)

    Британецот Џон Кларк, Французинот Мишел Деворе и Американецот Џон Мартинис се годинашните добитници на Нобеловата награда за физика. Тие се наградени за нивни откритија во областа на квантната механика.

    „Ова е најголемото изненадување во мојот живот“, кратко изјави 83-годишниот Кларк.

    Кларк и Мартинис ги спроведувале своите истражувања на Универзитетот на Калифорнија, а Деворе на Универзитетот Јејл и на Универзитетот на Калифорнија.

    „Работата на лауреатите дава можности за развој на следната генерација на квантна технологија, вклучувајќи квантна криптографија, квантни компјутери и квантни сензори. Прекрасно е што можеме да го славиме начинот на кој вековната квантна механика постојано нуди нови изненадувања“, изјави Оле Ериксон, претседателот на Нобеловиот комитет за физика.

    Минатата година, оваа награда им припадна на пионерите на вештачката интелигенција Џон Хопфилд и Џефри Хинтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира