НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА ЗА ДВАЈЦА НАУЧНИЦИ ЗАСЛУЖНИ ЗА РАЗВОЈОТ НА НОВИ ЛЕКОВИ

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА ЗА ДВАЈЦА НАУЧНИЦИ ЗАСЛУЖНИ ЗА РАЗВОЈОТ НА НОВИ ЛЕКОВИГодинашните лауреати се Германецот Бењамин Лист и Британецот Дејвид Мекмилан

    Германецот Бењамин Лист и Британецот Дејвид Мекмилан се добитници на годинашната Нобелова награда за хемија за нивната работа на нови начини на изградба на молекули. Нивниот сет на хемиски алатки, меѓу другото, се користи за развој на нови лекови.

    Од Нобеловиот комитет кажаа дека Лист и Мекмилан, кои работеле независно еден од друг, се заслужни за развојот на асиметрична органокатализа.

    „Имаме нова алатка во органската хемија, која веќе е од најголема корист за човештвото“, изјави членот на Нобеловиот комитет, Петер Сомфај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира