НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА НЕМА ДА СЕ ДОДЕЛИ ГОДИНАВА ПОРАДИ СЕКСУАЛЕН СКАНДАЛ ВО ШВЕДСКАТА АКАДЕМИЈА

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА НЕМА ДА СЕ ДОДЕЛИ ГОДИНАВА ПОРАДИ СЕКСУАЛЕН СКАНДАЛ ВО ШВЕДСКАТА АКАДЕМИЈАИмето на добитникот за 2018 година ќе биде објавено на крајот на следната година

    Нобелова награда за литература оваа година нема да биде доделена поради сексуален скандал во организацијата која го избира добитникот.

    Шведската академија се наоѓа во голема криза, откако голем број жени го обвинија Жан-Клод Арно, сопругот на една членка, за сексуално вознемирување.

    Во меѓувреме, таа беше исклучена од Академијата, а претседателот и четири други члена поднесоа оставки.

    Академијата кажа дека името на добитникот на наградата за 2018 година ќе биде објавено заедно со добитникот за наредната година.

    Ова е најголемиот скандал што ја погоди оваа награда од нејзиното востановување во 1901 година. Со исклучок на шесте години за време на светските војни, Нобеловата награда за литература не беше доделена само уште во 1935 година.

    „Членовите кои учествуваа на состанокот одлучија да се одложи доделувањето на наградата поради недостиг на довербата на јавноста во институцијата“, соопшти Академијата.

    Францускиот фотограф Арно, кој водел културен проект во рамките на Академијата, беше обвинет за сексуален напад од 18 жени. Некои од нив се случиле во објектите на Академијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира