НОВА КАЛЕДОНИЈА ЈА ОТФРЛИ ТРЕТАТА И ПОСЛЕДНА ШАНСА ДА СЕ ОСАМОСТОИ ОД ФРАНЦИЈА

    НОВА КАЛЕДОНИЈА ЈА ОТФРЛИ ТРЕТАТА И ПОСЛЕДНА ШАНСА ДА СЕ ОСАМОСТОИ ОД ФРАНЦИЈАРеферендумот беше бојкотиран од групите кои се залагаат за независност (Фото: Гети)

    Островската територија Нова Каледонија ќе остане дел од Франција откако на референдумот што се одржа викендов, гласачите со големо мнозинство ја отфрлија третата и последна можност да стане независна држава. Референдумот беше бојкотиран од групите кои се залагаат за самостојност, а излезноста беше само 41%. Францускиот претседател Емануел Макрон ги поздрави резултатите од референдумот како потврда за улогата на Франција во Индо-Пацификот.

    Според договорот со Париз од 1998 година, Нова Каледонија имаше можност да организира три референдуми по ова прашање. Активистите за независност повикаа на бојкот на гласањето, сметајќи дека нема да биде фер, откако ковид рестрикциите ја оневозможија нивната кампања.

    Франција има важна улога во Индо-Пацификот уште откако Наполеон Трети ја колонизирал Нова Каледонија во 1853 година. Односите се заострија во последно време откако домородните групи ја критикуваа одлуката на Франција да организира референдум среде пандемијата.

    Економијата на Нова Каледонија исто така е доста зависна од Кина и експертите веруваат дека успешниот референдум би ѝ донел уште поголемо влијание во регионот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира