НОВАТА ГОДИНА ВО ЕВРОПА ПОЧНА СО НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ, НЕЗАПАМЕТЕНО СО ДЕЦЕНИИ

    НОВАТА ГОДИНА ВО ЕВРОПА ПОЧНА СО НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ, НЕЗАПАМЕТЕНО СО ДЕЦЕНИИВчера попладне во Стразбур беше 20 степени. (Фото: СДК.МК)

    На 1 јануари, во Варшава беше 19 степени, цели 5 степени над 30-годишниот рекорд за првиот месец од годината. Во главниот град на Полска вчера беше попопло од многу градови на југот на Европа, како Атина, каде што беше 17 степени.

    Но, Полска не е единствената европска земја каде што годината почна со рекордно високи температури. Речиси целиот континент ја пречека новата година со сончево и невообичаено топло време.

    Во Литванија, Холандија, Данска и Белорусија беа срушени рекордите за јануари уште на првиот ден од месецот. Летонија, исто така, беше многу блиску до рекордот.

    На некои места во Швајцарија беше 19 степени, што е просек за јули.

    Во Германија, метеоролошка станица во саботата забележа минимална температура за 24 часа од 15,3 степени, додека други станици низ земјата го забележаа најтоплиот ден во историјата за декември.

    Во Франција, времето беше како почеток на лето, место среде зима, достигнувајќи 25 степени. Во Шпанија, осум региони имаа температура над 23 степени.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира