Бројката починати од КОВИД-19 во Шпанија секој ден е сѐ поголема и поголема и властите објавија дека во последните 24 часа починале 394 луѓе, што е нов црн рекорд во еден ден.
Вкупната бројка починати сега изнесува 1.720. Во земјата досега се регистрирани 28.572 заразени, што е 3.646 повеќе во однос на вчера.
„Допрва го очекуваме ударот на најсилниот, најуништувачки бран, што ќе тестира од каков материјал сме направени, како и нашите морални капацитети. Шпанија нема поминато низ подраматична ситуација од граѓанската војна“, изјави премиерот Педро Санчес.
Во Шпанија е на сила 15-дневна вонредна состојба, но веќе е најавено дека ќе биде продолжена.