НОВИ ПРОТЕСТИ ВО ПОЛСКА ПРОТИВ ПЛАНИРАНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊАТА НА АБОРТУСОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Варшава,(Би-Би-Си)

    НОВИ ПРОТЕСТИ ВО ПОЛСКА ПРОТИВ ПЛАНИРАНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊАТА НА АБОРТУСОТ

    Полските демонстранти почнаа нови протести против напорите за дополнително заострување на законот за забрана на абортус. Активисти за правата на жената одржаа протест пред зградата на Парламентот во Варшава и за утре се очекуваат уште активности.

    Полскиот премиер го одби предлогот за целосна забрана на абортусот на 6 октомври по масовните протести против ваквиот потег. Меѓутоа, сега има нови предлози за забрана на абортусот во случај кога фетусот е оштетен или неправилно развиен.

    Јарослав Качински, лидер на владејачката партија Закон и правда, рече дека неговата социјал-конзервативна партија подготвува нов ограничувачки закон.

    „Се трудиме да овозможиме дури и во многу тешки ситуации кога детето сигурно ќе умре по раѓањето или е многу деформирано, жените сепак да ги раѓаат за да може овие деца да бидат крстени, погребани и да имаат име“, рече тој во интервју на 12 октомври.

    Оваа католичка земја веќе има еден од најстрогите закони против абортус во Европа.

    Моментално оваа постапка е дозволена само ако фетусот е тешко и непоправливо оштетен или претставува сериозна закана по здравјето на мајката, или ако бременоста е резултат на силување или инцест.

    Во предлог-законот што беше поднесен пред Парламентот на Полска во почетокот на октомври се предвидуваше жените кои направиле абортус да се казнат со пет години затвор. Докторите кои помогнале да се изврши абортусот исто така се соочуваа со затворска казна.

    Ваквиот предлог беше отфрлен по масовните протести на Црн понеделник кога десетици илјади луѓе облечени во црно, повеќето од нив жени, излегоа да протестираат на улиците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира