НОВИ ПУКОТНИЦИ ВО КАЗАХСТАН, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЛИ ДЕКА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК Е ПОВРАТЕН

    НОВИ ПУКОТНИЦИ ВО КАЗАХСТАН, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЛИ ДЕКА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК Е ПОВРАТЕНВладата кажа дека зад насилствата стојат терористи обучувани во странство (Фото: АП)

    Нови пукотници се слушаат во најголемиот град во Казахстан откако претседателот Токаев објави дека редот во земјата во голема мера е повратен по насилното задушување на неколкудневните антивладини демонстрации. Според извештаите, се пука од огнено оружје во близина на централниот плоштад во Алма Ата, која беше во центарот на протестите поттикнати од двојното поскапување на течниот гас.

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека во досегашните нереди се убиени 26 „вооружени криминалци“ и 18 припадници на безбедносните сили. На барање на Токаев, вчера во земјата пристигнаа 2.500 припадници на регионалните сили предводени од Русија. Според руските медиуми, овие мировни трупи ќе останат во земјата неколку дена или недели, со цел да ги штитат државните и воените инсталации.

    Досега се уапсени 3.000 луѓе, а низ земјата се поставени 70 контролни пунктови.

    „Уставниот поредок во голема мера повторно е воспоставен во сите региони во земјата, Локалните власти ја контролираат ситуацијата“, изјави Токаев.

    Тој претходно кажа дека зад најголемите насилства во Казахстан од осамостојувањето стојат терористи обучувани во странство, за што не изнесе никакви докази.

    „Операциите ќе продолжат додека милитантите не бидат целосно елиминирани“, рече Токаев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира