НОВИ САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА РУСКАТА ВОЗДУШНА БАЗА НА КРИМ Е МНОГУ ОШТЕТЕНА ПО ЕКСПЛОЗИИТЕ

    НОВИ САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА РУСКАТА ВОЗДУШНА БАЗА НА КРИМ Е МНОГУ ОШТЕТЕНА ПО ЕКСПЛОЗИИТЕВоздушната база Саки снимена на 10 август (Фото: Планет лебс)

    Сателитските снимки покажуваат големи штети и уништени руски борбени авиони во воздушната база на Крим, во која завчера биле забележани повеќе од десет експлозии.

    Украина не ја презеде одговорноста за инцидентот во базата Саки, во кој загина едно лице, но новите докази укажуваат на можен насочен напад.

    Снимките што ги објави американската компанија „Планет лебс“ покажуваат голема површина на изгорена земја. Главната писта се чини недопрена, но најмалку осум авиони се оштетени или уништени, а видливи се и неколку големи кратери. Најголем дел од нив се во областа каде што голем број авиони е паркиран на отворен простор.

    Ова е прва независна потврда дека базата е оштетена, но причината за експлозиите останува непозната. Русија тврди дека имало детонација на муниција, додека Украина сугерираше дека ова можеби е дело на локални партизански саботери или е последица на невнимателно однесување на руски војници.

    Мислам дека руските војници во базата не почитувале многу едноставно правило: да не пушат на опасни места“, кажа украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

    Украинските воздушни сили вчера кажаа дека во експлозиите се уништени најмалку девет руски авиони, додека Русија го негираше ова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира