НОВИ ТЕНЗИИ НА ИДОМЕНИ, БЕГАЛЦИТЕ ТУРКАА СТАР ВАГОН КОН ОКЛОПНИТЕ ВОЗИЛА НА ПОЛИЦИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:21:"Атина(МЕТА)

    НОВИ ТЕНЗИИ НА ИДОМЕНИ, БЕГАЛЦИТЕ ТУРКАА СТАР ВАГОН КОН ОКЛОПНИТЕ ВОЗИЛА НА ПОЛИЦИЈАТА

    Ситуацијата на Идомени останува тензична по вчерашните судири. Денеска група бегалци повторно се собра на оградата и бараа од македонската полиција да ја отвори границата.

    Денешната комуникација, сепак, сè уште е мирна. Бегалците бараа македонската полиција да ги пушти, коментирајќи дека тие не се терористи. Одговорот од македонска страна беше дека границата не може да се отвори и бегалците беа замолени да се повлечат од оградата.

    Претходно, група бегалци влезгоа во еден стар вагон на железничката пруга и успеаја да го истуркаат до непосредна близина на кампот и на македонската граница, каде се поставени оклопните полициски возила на грчката полиција.

    Бегалците бараа да се отворат границите, а со себе имаа грчки и германски знамиња, што повторно го крена сомнежот на грчката полиција за потенцијални активисти што ги поттикнуваат на протести бегалците.

    Од 11.000 бегалци на Идомени, денес 180 бегалци, главно од Сирија, одлучија да си заминат од кампот и со автобуси, кои ги обезбедува грчката влада, беа пренесени во нов бегалски центар во близина на Атина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари