НОВИНАР ЗАГИНА ДОДЕКА ИЗВЕСТУВАШЕ ЗА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ СЕЧЕЊЕ ШУМА ВО ГЕРМАНИЈА

    НОВИНАР ЗАГИНА ДОДЕКА ИЗВЕСТУВАШЕ ЗА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ СЕЧЕЊЕ ШУМА ВО ГЕРМАНИЈААктивистите веќе шест години протестираат против отворање на рудник за јаглен (Фото: АП)

    Регионален министер ги повика активистите да ги напуштат своите куќи на дрво, откако еден млад новинар загина додека известуваше за расчистувањето на еколошките протестни кампови во шума во Германија.

    Несреќата се случи во близина на градот Керпен, кадешто веќе шест години се протестира против планираното сечење дрвја заради отворање на рудник за јаглен.

    Полицијата на Ахен објави дека новинарот паднал од висечки мост што поврзува две куќи на дрво во окупираната шума Хамбах. Тој претрпил тешки повреди при пад од височина од 14 метри и починал додека бил превезуван со хеликоптер.

    „Акцијата е прекината на неодредено време. Едноставно, не можеме да продолжиме после ова“, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул, додавајќи дека трагедијата не е поврзана со полициската операција.

    Локалната полиција во изминатите седум дена ги отстрануваше активистите од шумата, при што се тргнати 39 од 50-те куќи на дрво, изградени во последните шест години.

    Активистите тврдат дека шумата има историја од 12.000 години и дека во неа живеат заштитени животински видови. Тие го опишаа загинатиот новинар како „пријател кој долго време ја чувал шумата со нив“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира