Полицијата во Северна Ирска соопшти дека трага по повеќе осомничени лица, по убиството на новинарка за време на синоќешните немири во градот Лондондери. Полицијата соопшти дека 29-годишната новинарка и писателка Лира Меки загина, веројатно од залутан куршум, за време на немирите во населбата Криган зад кои најверојатно стои дисидентската група Нова ИРА.
Вооружен напаѓач пукал повеќе пати во полицијата за време на немирите, а полицијата рече дека ова е терористички чин и дека цел на истрагата за немирите ќе биде Нова ИРА, но сè уште нема апсења.
Меки беше талент во подем и отворено пишуваше за предизвиците да се биде хомосексуалец во Северна Ирска.
Полицијата апелираше за смиреност во текот на велигденскиот викенд. Говорејќи во Даблин, ирскиот премиер Лео Варадкар рече дека народот на Ирска и Северна Ирска го одбрал мирот и соработката пред 21 година и нема да бидат „вовлечени во минатото“ со политичко насилство.
Новата ИРА е мала група, која го отфрли договорот од Велипеток во 1998, со што Ирската републиканска армија (ИРА) прифати политичко решение за долготрајното насилство познато како „Белјата“, во кое загинаа повеќе од 3.700 луѓе. Групата е обвинета и за нападот со автомобил-бомба во Лондондери во јануари, од кон немаше повредени ни жртви.