НОВИОТ НОРВЕШКИ КРАЛ ХАКОН ВО МЛАДОСТА БЕГАЛ ОД СВОЈОТ СТАТУС, А СОПРУГАТА ЈА ЗАПОЗНАЛ НА МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ

    НОВИОТ НОРВЕШКИ КРАЛ ХАКОН ВО МЛАДОСТА БЕГАЛ ОД СВОЈОТ СТАТУС, А СОПРУГАТА ЈА ЗАПОЗНАЛ НА МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛНовиот крал Хакон со неговата ќерка, принцезата и престолонаследничка Ингрид Александра (Фото: Фејсбук)

    По смртта на Харалд Петти, неговиот 53-годишен син Хакон од денеска е нов крал на Норвешка. Тој долго време се мачел да го прифати својот статус.

    Да, бев член на кралското семејство, но не сакав да зборувам за тоа. Во училиште тоа ме правеше вознемирен“, напиша тој во својата автобиографија од 2023 година.

    Со текот на годините, тој созревал во својата улога, станувајќи престолонаследник во 1991 и преземајќи повеќе кралски должности, откако здравјето на неговиот татко се влоши.

    Хакон решил да не ги следи стапките на своите татко и дедо, па место Оксфорд, се запишал на Универзитетот на Калифорнија, Сакал да биде што е можно подалеку од својот дом, а му се допаѓале и музичката сцена и сурфањето во Калифорнија.

    Набргу по враќањето во Норвешка во 1999, на еден музички фестивал ја запознал својата идна сопруга Мете-Марит. Кога врската станала јавна, медиумите веднаш се фокусирале на фактот дека таа била обична жена и самохрана мајка, која во младоста поминала многу време во норвешките ноќни клубови. Тоа стивна откако кралот Харалд јавно ја прими во семејството, неколку децении откако самиот раскина со традицијата и ожени жена која немала никакво кралско потекло.

    Тие се венчаа во 2001 и добија две деца, принцезата и престолонаследничка Ингрид Александра и принцот Свере Магнус. Мете-Марит има син од претходна врска, на кого оваа година му се судеше за силување и доби четири години затвор.

    Хакон е четвртиот крал на Норвешка во модерната ера, која започна кога земјата изгласала на референдум да биде монархија, а не република по прогласувањето целосна независност од Шведска во 1905 година. Ако го задржи името, новиот крал ќе се вика Хакон Осми, иако има право и да го промени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира