НОВИТЕ САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ГО ПОКАЖУВААТ УНИШТУВАЊЕТО НА СОЛЕДАР, ЗА КОЈ И НАТАМУ СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ

    НОВИТЕ САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ГО ПОКАЖУВААТ УНИШТУВАЊЕТО НА СОЛЕДАР, ЗА КОЈ И НАТАМУ СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИБитката за Соледар се интензивираше на 5 јануари (Фото: Максар)

    Украина и Русија се заклучени во информациска војна и крвава битка за малиот источен рударски град Соледар, иако шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгени Пригожин, вчера кажа дека го освоиле. Наспроти ова, Киев тврди дека украинската војска и натаму се држи, а Кремљ кажа дека сè уште е рано да се прогласи победа.

    (Фото: Максар)

    Новите сателитски снимки го прикажуваат обемот на уништувањето на градот, кој пред војната имал 10.000 жители и кој, според аналитичарите, има минимално воено и стратешко значење.

    Најголем дел од штетите се предизвикани во изминатите недели, откако руските сили ја насочија својата офанзива кон Соледар, кој е оддалечен десетина километри од Бахмут. Украинските власти велат дека во градот се останати околу 500 цивили, главно луѓе над 50 години, чија евакуација сега не е можна.

    (Фото: Максар)

    „Крвави борби се водат во западните предградија на Соледар. Вооружените сили на Украина чесно ја бранат територијата на градот“, напиша Пригожин на Телеграм, демантирајќи ги своите претходни тврдења.

    Битката за Соледар се интензивираше на 5 јануари, кога силите на „Вагнер“ првпат ја пробиле украинската одбрана, при што освоиле неколку села североисточно од градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира