ОБЈАВЕНИ НОВИ СНИМКИ ОД ОСОМНИЧЕНИОТ УБИЕЦ НА ДИРЕКТОРОТ НА ОСИГУРИТЕЛНАТА КОМПАНИЈА „ЈУНАЈТЕДХЕЛТКЕР“, НА КУРШУМИТЕ ИМАЛО ИСПИШАНИ ЗБОРОВИ

    ОБЈАВЕНИ НОВИ СНИМКИ ОД ОСОМНИЧЕНИОТ УБИЕЦ НА ДИРЕКТОРОТ НА ОСИГУРИТЕЛНАТА КОМПАНИЈА „ЈУНАЈТЕДХЕЛТКЕР“, НА КУРШУМИТЕ ИМАЛО ИСПИШАНИ ЗБОРОВИНови снимки кои можеби го покажуваат убиецот се земени од надзорни камери во хостел во Менхетн (Фото: Њујоршка полиција)

    Њујоршката полиција објави нова фотографија од мажот кој се сомничи дека вчера го убил Брајан Томпсон, шефот на најголемата приватна осигурителна компанија во САД „ЈунајтедХелткер“. Томпсон (50) беше застрелан на улица пред хотелот „Хилтон“ во Менхетн и полицијата кажа дека станува збор за убиство со умисла.

    Ловот по убиецот продолжи и денеска и притоа се користи технологија за препознавање лица, додека на неколку куршуми собрани на местото на нападот се пронајдени зборови напишани со маркер. Мотивот на нападот и натаму не е познат, а убиецот ништо не одзел од Томпсон.

    Нови снимки кои можеби го покажуваат убиецот се земени од надзорни камери во хостел во населбата Апер Вест Сајд во Менхетн и на нив се гледа неговото лице, за разлика од претходните, на кои што носи црна маска.

    Се верува дека напаѓачот дошол пред хотелот неколку минути пред Томпсон, користел придушувач на пиштолот и од местото на убиството заминал пешки, а потоа користел електричен велосипед. На три куршуми пронајдени на самото место се откриени напишани зборови „негира“, „отфрли“ и „одбрани“.

    Сѐ укажува на тоа дека ова било однапред смислен, испланиран и насочен напад“, изјави комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш.

    Сопругата на Томпсон, Полет, изјави дека тој добивал некакви закани поврзани со работата, но не знаела детали. Томпсон работел во „ЈунајтедХелткер“ од 2004, а извршен директор станал во 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира