ОБОЖАВАТЕЛИТЕ СЕ ПРОСТУВААТ ОД ЏОРЏ МАЈКЛ ПРЕД НЕГОВИОТ ДОМ ВО ЛОНДОН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Лондон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБОЖАВАТЕЛИТЕ СЕ ПРОСТУВААТ ОД ЏОРЏ МАЈКЛ ПРЕД НЕГОВИОТ ДОМ ВО ЛОНДОН

    СПЕЦИЈАЛНО ОД ЛОНДОН ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК – ВАЛЕНТИНА ФЕРНАНДЕЗ

    Обожавателите на Џорџ Мајкл денеска се собираат пред неговиот дом во Хајгејт, северен Лондон да му оддадат почит на пејачот кој почина вчера од откажување на срцето. Фановите на британската поп ѕвезда оставаат цвеќиња, украси, свеќи и пораки по смртта на 53-годишникот.

    dzordz-majkl-8192898328923879

    Џорџ Мајкл почина на 53 години од откажување на срцето, потврди неговиот менаџер Мајкл Липман.

    „Секогаш ќе бидеш нашиот идол“, пишуваше на една од пораките, потпишана од Ксенија, Сула и Дија.

    Друга порака, без потпис, гласи: „Џорџ, ти благодариме за твоите песни и твојот прекрасен глас. Ќе ни недостасуваш“.

    Неговиот менаџер Мајкл Липмен за магазинот „Билборд“ потврди дека Мајкл починал од откажување на срцето.

    „Уништен сум. Добив повик дека Мајкл бил пронајден во кревет, како лежи мирно. Точното време на смртта не е познато засега, но нема ништо сомнително. Смртта од откажување на срцето беше неочекувана“, изјави Липмен.

    Покрај обожавателите, за смртта на Мајкл се огласија и неговите колеги, меѓу кои и Елтон Џон, Мадона, Брајан Меј и Кајли Миног.

    „Џорџ? Џорџ Мајкл? Не… Не е можно. Не можам да опишам колку сум тажен. Почивај во мир Џорџ“, напиша легендарниот гитарист на „Квин“ Брајан Меј на Твитер.

    dzordz-majkl-8192894234431821879

    Британскиот пејач најголем дел од времето поминуваше во неговиот дом во Хајгејт, северен Лондон.

    Поп иконата Џорџ Мајкл Мајкл, кој беше роден како Јорго Киријакос Панајоти во северен Лондон, има продадено над 100 милиони албуми за време на неговата кариера од речиси четири децении, освои многу Греми награди и имаше дуети со Арета Фреклин, Реј Чарлс, Лучано Павароти и Елтон Џон. Пејачот стана славен како член дуото „Вaм!“, пред да стане глобална соло ѕвезда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира