ОБВИНИТЕЛИТЕ НА ЈУТА КАЖАА ДЕКА ЌЕ БАРААТ СМРТНА КАЗНА ЗА УБИЕЦОТ НА ЧАРЛИ КИРК

    ОБВИНИТЕЛИТЕ НА ЈУТА КАЖАА ДЕКА ЌЕ БАРААТ СМРТНА КАЗНА ЗА УБИЕЦОТ НА ЧАРЛИ КИРКТајлер Робинсон беше уапсен два дена по атентатот

    Обвинителите на Јута и официјално го обвинија осомничениот за атентатот врз конзервативниот активист Чарли Кирк за тешко убиство и ќе бараат смртна казна доколку биде осуден.

    Дваесет и двегодишниот Тајлер Робинсон се товари дека испукал еден куршум од снајперско гнездо на покривот на зграда, кој го погодил Кирк во вратот додека држеше говор пред 3.000 луѓе на универзитет вп Јута. Јавниот обвинител на Јута, Џефри Греј, кажа дека се покренати седум обвиненија против Робинсон, вклучувајќи попречување на правдата и манипулирање со сведоци.

    „Независно донесов одлука да барам смртна казна врз основа на достапните докази и околности и природата на кривичното дело“, рече Греј.

    Властите јавно не го идентификуваа мотивот за убиството. Робинсон, студент на трета година на државен технички колеџ, успеал да избега по пукањето и беше уапсен во четвртокот вечер во куќата на неговите родители, околу 420 километри од местото на злосторството, откако бил пријавен од роднини и семеен пријател.

    Триесет и едногодишниот Кирк беше еден од најугледните конзервативни активисти во САД и близок сојузник на Доналд Трамп, на кого му помогна да привлече голем број гласови на младите на ланските избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира