ОБВИНИТЕЛОТ КОЈ ГИ ИСТРАЖУВАШЕ ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА НА ОВК ВО КОСОВО НАЗНАЧЕН ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ ВО ИСТРАГИТЕ ПРОТИВ ТРАМП

    ОБВИНИТЕЛОТ КОЈ ГИ ИСТРАЖУВАШЕ ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА НА ОВК ВО КОСОВО НАЗНАЧЕН ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ ВО ИСТРАГИТЕ ПРОТИВ ТРАМПСмит ќе ги надгледува истрагите за можното лошо управување со класифицирани документи во имотот на Трамп во Мар-А-Лаго, како и клучните аспекти од истрагата за упадот во Конгресот на 6 јануари лани. - Џек Смит; Доналд Трамп (Фото: Специјален суд во Хаг/Доналд Трамп)

    Американското министерство за правда го назначи поранешниот шеф за интегритет во министерството Џек Смит да ги надгледува кривичните истраги против поранешниот претседател Доналд Трамп.

    Смит ќе ги надгледува истрагите за можното лошо управување со класифицирани документи во имотот на Трамп во Мар-А-Лаго, како и клучните аспекти од истрагата за упадот во Конгресот на 6 јануари лани.

    „Поради неодамнешниот развој на настаните, вклучувајќи го соопштението дека тој е кандидат за претседател на следните избори и намерата на актуелниот претседател исто така да се кандидира, донесов заклучок дека е во јавен интерес да назначам специјален обвинител“, кажа министерот Гарланд на прес-конференција.

    Тој додаде дека таквото назначување е со цел да осигура независност и одговорност во особено чувствителни околности.

    Последниот ангажман на Смит беше како главен обвинител во судот во Хаг задолжен за истражување и судење на воени злосторства во Косово направени од ОВК. Функцијата ја извршуваше еден четиригодишен мандат, од 2018 до 2022 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира