ОЧЕКУВАЈТЕ ВТОР И ТРЕТ БРАН НА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ

    ОЧЕКУВАЈТЕ ВТОР И ТРЕТ БРАН НА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИВо Германија е задолжително да се носи маска во јавен превоз (Фото: ДПА)

    Шефот на германскиот институт „Роберт Кох“ Лотар Вајлер предупреди дека вториот и третиот бран на ширењето на коронавирусот се на повидок.

    „Ова е пандемија. А во пандемија, вирусот доведува до тоа 60-70% од населението да биде заразено. Втор бран ќе има со сигурност и ова мислење го дели мнозинството експерти, а многумина очекуваат и трет бран“, вели Вајлер.

    Во Германија досега има повеќе од 164.000 случаи на коронавирус, а починале 6.808 луѓе.

    „Дневната бројка новозаразени е во пад во изминатите денови и се движи меѓу 700 и 1.600. Тоа се добри вести. Од друга страна, дневната бројка починати останува голема, меѓу 40 и 200“, изјави Вајлер.

    Германија покажа добри резултати во справувањето со коронавирусот откако воведе рестриктивни мерки во средина на март. Неодамна почна нивно олеснување и голем број деца се вратија на училиште, а повторно беа отворени продавниците, музеите и фризерските салони.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира