ОД 1 ДЕКЕМВРИ „ГУГЛ“ ЌЕ БРИШЕ АДРЕСИ НА ЏИМЕЈЛ ШТО НЕ СЕ КОРИСТЕНИ ДВЕ ГОДИНИ

    ОД 1 ДЕКЕМВРИ „ГУГЛ“ ЌЕ БРИШЕ АДРЕСИ НА ЏИМЕЈЛ ШТО НЕ СЕ КОРИСТЕНИ ДВЕ ГОДИНИСекој што има адреса на џимејл што не ја користел подолго време и не сака „Гугл“ да избрише се што е поврзано со неа, задолжително треба да се најави барем еднаш пред 1 декември. (Фото: Гети)

    „Гугл“ планира да брише неактивни електронски адреси и фотографии на џимејл почнувајќи од 1 декември. „Гугл“ дефинира неактивна е-адреса како адреса што не била користена во период од две години. Технолошкиот гигант за активности ги смета најавување; читање или испраќање е-пошта; користење на гугл драјв; гледање видео на Јутјуб; споделување фотографии; преземање апликација; и пребарувањето додека сте најавени.

    Секој што има адреса на џимејл што не ја користел подолго време и не сака „Гугл“ да избрише се што е поврзано со неа, задолжително треба да се најави барем еднаш пред 1 декември.

    Ако не сте се најавиле или не сте направиле никаква активност на е-пошта на „Гугл“ во последните две години, „Гугл“ ќе ја смета за неактивна. Оваа политика се однесува само на лични е-адреси, а не на оние поврзани со работодавач, училиште или друга организација.

    Откако ќе ја смета за неактивна, почнувајќи од 1 декември, „Гугл“ може да ги избрише сите содржини и податоци на адресата. Ова вклучува мноштво информации складирани од „Гугл“, вклучително и гугл фотос, гугл календар, гугл докс и е-пошта. Претходно, „Гугл“ ќе испрати известувања до таа адреса и дополнителната е-пошта ако е дадена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира