ОД 24 АВГУСТ ЈАПОНИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ЈА ИСПУШТА ВО ОКЕАНОТ РАДИОАКТИВНАТА ВОДА ОД ФУКУШИМА

    ОД 24 АВГУСТ ЈАПОНИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ЈА ИСПУШТА ВО ОКЕАНОТ РАДИОАКТИВНАТА ВОДА ОД ФУКУШИМАЕколошките друштва портестираат против планот одобрен пред две години од јапонската влада како клучен за деактивирање на нулеарната централа. (Фото: АП)

    Јапонија денеска соопшти дека на 24 август ќе започне со ослободување на повеќе од 1 милион метрички тони прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима, со што се спроведува планот што наиде на силни критики од Кина. Планот, одобрен пред две години од јапонската влада како клучен за деактивирање на централата управувана од „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО) беше критикуван и од локалните рибарски групи, кои стравуваат од оштетување на угледот и закана за нивните егзистенција.

    „Побарав од ТЕПКО брзо да се подготви за испуштање вода во согласност со планот одобрен од Управата за нуклеарна регулација и очекувам испуштањето на водата да започне на 24 август, доколку временските услови дозволуваат“, рече денеска премиерот Фумио Кишида.

    Најавата доаѓа еден ден откако владата рече дека добила „степен на разбирање“ од рибарската индустрија за ослободувањето на водата, иако рибарската група рече дека сè уште стравува оти штетата на репутацијата ќе ѝ ја уништи егзистенцијата.

    Првата серија вода што ќе биде пуштена почнувајќи од четврток ќе изнесува вкупно 7.800 кубни метри за околу 17 дена, рече ТЕПКО на денешниот брифинг. Таа вода ќе содржи околу 190 бекерели тритиум на литар, што е под границата за пиење на Светската здравствена организација од 10.000 бекерели на литар, според ТЕПКО. Бекерелот е единица за радиоактивност.

    Јапонија соопшти дека испуштањето вода е безбедно. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарниот надзор на ОН, даде зелено светло на планот во јули, велејќи дека тој ги исполнува меѓународните стандарди и дека влијанието што ќе го има врз луѓето и животната средина е „незначително“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира