ОД 3.500 БАРАЊА, АЗИЛ ВО ГЕРМАНИЈА ДОБИЛЕ САМО 90 РУСИ КОИ ИЗБЕГАЛЕ ОД РЕГРУТАЦИЈА

    ОД 3.500 БАРАЊА, АЗИЛ ВО ГЕРМАНИЈА ДОБИЛЕ САМО 90 РУСИ КОИ ИЗБЕГАЛЕ ОД РЕГРУТАЦИЈАНад 261.000 мажи ја напуштиле Русија од прогласувањето на мобилизацијата лани на 21 септември. (Фото: РФЕ)

    Околу 3.500 Руси на возраст за воено регрутирање поднеле барање за азил во Германија од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, но само 90 досега се прифатени. Германската федерална канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ) досега одлучила за повеќе од 1.500 апликации од Русија, соопшти Министерството во одговор на пратеничко прашање на пратеничката Клара Бунгер од опозициската крајнолевичарска партија Линке (Левица).

    Според Бунгер, во поголемиот дел од барањата – околу 1.100 – друга земја членка на ЕУ е одговорна за барањето азил според таканаречената Даблинска регулатива за миграција на блокот. Правилата предвидуваат дека барателите на азил мора да ги поднесат своите барања во првата земја на ЕУ во која се регистрирани, со само ограничени исклучоци. Барателите на азил кои сепак се обидуваат да поднесат барања на друго место во ЕУ, често во побогатите земји како Германија, може да бидат вратени назад според правилата од Даблин.

    Во одговорот на пратеничкото прашање германското Министерство за внатрешни работи напиша: „Сегашната практика на одлучување го предвидува следново: Дезертерите може да продолжат да добиваат меѓународна заштита на редовна основа. Покрај тоа, лицето кое треба да биде регрутирано во армијата и одбие да служи ќе добие меѓународна заштита, под услов да се исполнат условите за тоа“.

    Екстремнолевичарската пратеничка Бунгер ја критикуваше германската централно-левичарска коалициона влада по одговорот, велејќи дека иако е „добра во пишување за човекови права на нејзините транспаренти и давање извонредни ветувања“, немало успех кога станува збор за имплементацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира