ОД РЕКАТА ОДРА ВО ПОЛСКА ИЗВАДЕНИ 100 ТОНИ МРТВА РИБА, НЕ СЕ ЗНАЕ ПРИЧИНАТА ЗА ПОМОРОТ

    ОД РЕКАТА ОДРА ВО ПОЛСКА ИЗВАДЕНИ 100 ТОНИ МРТВА РИБА, НЕ СЕ ЗНАЕ ПРИЧИНАТА ЗА ПОМОРОТВо ниеден од тестираните примероци вода не се пронајдени отровни супстанци (Фото: Гети)

    Полските пожарникари извлекоа 100 тони мртва риба од реката Одра, нагласувајќи ги размерите на оваа еколошка катастрофа, чија причина останува непозната.

    „Никогаш досега не сме имале ваква операција на река“, изјави Моника Новаковска-Дринда, портпаролката на Националната противпожарна служба.

    Таа потврди дека од петокот се извадени околу 100 тони мртва риба од реката, во што учествувале над 500 пожарникари.

    Германските општини го забранија риболовот во Одра откако илјадници мртви риби беа забележани во 840 километри долгата река, која тече од Чешка до Балтичко Море. Екологистите стравуваат дека поморот на риби може да предизвика уништување на целиот екосистем во Одра.

    „Ова е катастрофа што ќе се чувствува со години“, изјави Карина Дерк, управителката на германскиот регион Укермарк.

    Причината за поморот не е позната и полските власти понудија награда од 210.000 евра за корисна информација. И додека полскиот премиер Матеуш Моравјецки верува дека е во прашање некаков хемиски отпад, министерката за животна средина Ана Москва изјави дека во ниеден од тестираните примероци вода не биле пронајдени отровни супстанци.

    Примероци од водата се испратени на тестирање и во Чешка, Холандија и Велика Британија. Одра досега важеше за релативно чиста река, во која можат да се пронајдат 40 домашни видови риба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира