ОДБРАНАТА НА БАХМУТ Е ВОЕНА НЕОПХОДНОСТ, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКА, ДОДЕКА РУСИТЕ ГИ ЗАСИЛУВААТ НАПАДИТЕ НА АВДИВКА

    ОДБРАНАТА НА БАХМУТ Е ВОЕНА НЕОПХОДНОСТ, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКА, ДОДЕКА РУСИТЕ ГИ ЗАСИЛУВААТ НАПАДИТЕ НА АВДИВКАВо Авдивка се останати само 2.000 од некогашните 30.000 жители (Фото: Гети)

    Украинските трупи продолжуваат да одбиваат тешки руски напади на Бахмут, чија одбрана е воена неопходност, изјави заповедникот на украинските копнени сили Олександр Сирски. Тој бил во посета на источниот фронт и најави дека Украина „ќе ги засили своите способности за одвраќање и нанесување штети на непријателот“, што навестува дека Украинците имаат намера да продолжат да се борат за Бахмут, и покрај големите жртви.

    „Украинските сили го бранат градот во крајно тешки услови. Одбраната на Бахмут е воена неопходност, но ги пресметуваме сите можни опции за развој на настаните и ќе дејствуваме соодветно на моменталната ситуација“, изјави Сирски.

    Во исто време, Русите ги засилуваат своите напади на Авдивка, град оддалечен 90 километри од Бахмут, односно 10 километри од северната периферија на Доњецк. Локални функционери велат дека Русите ја претвораат Авдивка во „место од постапокалиптични филмови“, при што таму се останати само 2.000 од некогашните 30.000 жители.

    „Се евакуираат и последните комунални работници, а наскоро ќе се исклучи и мобилниот сигнал, зашто во градот има руски доушници“, изјави Витали Барабаш, шефот на локалната воена управа.

    Додека Русите постепено напредуваат, украинската војска предупреди дека Авдивка наскоро би можела да стане „втор Бахмут“.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира