ОДЛОЖЕНИ СТОТИЦИ ЛЕТОВИ ШИРУМ СВЕТОТ ПОРАДИ МОЖЕН САЈБЕР НАПАД

a:1:{s:9:"td_source";s:38:"Лондон,(Индипендент)

    ОДЛОЖЕНИ СТОТИЦИ ЛЕТОВИ ШИРУМ СВЕТОТ ПОРАДИ МОЖЕН САЈБЕР НАПАД

    Стравот од кампања на сајбер напади на водечките светски авиокомпании порасна откако „системски проблем“ одложи стотици летови на „Јунајтед Ерлајнс“ ширум светот. Портпаролот на американската авиокомпанија кажа „свесни сме за проблемот со нашите системи што резултираше со одложувања на летовите. Работиме да го решиме проблемот и да ги однесеме нашите корисници на нивните дестинации што е можно побрзо. Се извинуваме за непријатностите“.

    „Јунајтед“ е трета по големина авиокомпанија во светот по „Делта“ и „Американ“.

    Првиот лет од Велика Британија требаше да полета во 7.30 часот по локално време за Вашингтон, но на патниците им беше кажано дека авионот ќе доцни еден час. Патниците ширум светот изразија незадоволство од доцнењата.

    „Што се случува со ‘Јунајтед Ерлајнс“? Како е можно да се распадне системот на цела авиокомпанија?“, праша патникот Ешли Страк на Твитер.

    Во 8.15 часот по лондонско време, „Јунајтед“ соопшти дека проблемот е решен и дека летовите продолжуваат според распоредот.

    Авиокомпаниите се зависни од нивните компјутерски системи за речиси секој аспект од нивните операции, од издавање бординг карти до справување со багажот. Иако можат да се вратат на рачни операции, таквите процеси предизвикуваат одложувања и откажувања  на летовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира