ОГРОМНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ГОЛЕМО СКЛАДИШТЕ ЗА МУНИЦИЈА БЛИЗУ МОСКВА

    ОГРОМНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ГОЛЕМО СКЛАДИШТЕ ЗА МУНИЦИЈА БЛИЗУ МОСКВАРуската војска објави дека муницијата била детонирана откако избувнал пожар во складиштето (Фото: Телеграм)

    Огромна експлозија го затресе централниот руски регион Владимир, за која воените власти кажаа дека се случила во воено складиште за муниција. Вонредна состојба е прогласена во округот Киржач, а неколку села се евакуирани.

    Руската војска објави дека муницијата била детонирана откако избувнал пожар во складиштето „поради човечка грешка и кршење на безбедносни правила“. И руски и украински канали на Телеграм објавија снимки од местото на несреќата, кои покажуваат пламен висок неколку метри и облак во форма на печурка.

    Објектот му припаѓа на 51. арсенал на Главната управа за ракетно-артилериско вооружување на руската војска, оддалечен околу 130 километри североисточно од Москва. Министерството за одбрана кажа дека е формирана комисија која ќе го истражи инцидентот.

    Според украинскиот функционер Андриј Коваленко, во 51. арсенал се складирани околу 105.000 метрички тони муниција, меѓу кои се и проектили „кинжал“ и „искандер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира