ОЛЕСНУВАЊЕ КАЈ ПРОЕВРОПСКИТЕ СИЛИ ВО ЕУ ПО ПОРАЗОТ НА ДЕСНИЦАТА ВО АВСТРИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:18:"Виена,(АП)

    ОЛЕСНУВАЊЕ КАЈ ПРОЕВРОПСКИТЕ СИЛИ ВО ЕУ ПО ПОРАЗОТ НА ДЕСНИЦАТА ВО АВСТРИЈА

    Победата на либералниот, левоориентиран и проевропски политичар Александер Ван дер Белен над десничарскиот ривал Норберт Хофер во трката за избор на претседател на Австрија веднаш беше поздравена од умерените политичари низ цела Европа како удар врз популистичките сили што се залагаат за слабеење на Европската унија.

    Иако функцијата претседател во Австрија има само симболично значење, оваа трка предизвика големо внимание поради очекувањата дека по победата на Трамп во САД и изгласувањето на референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ, ова би била уште една победа на популистичките движења.

    „Тоа што се случува тука има значење за цела Европа“, рече Ван дер Белен по гласањето. Подоцна забележа дека неговата победа покажува дека мнозинството ја прифатило неговата порака за „слобода, еднаквост и солидарност“.

    Ван дер Белен рече дека неговата победа испраќа „порака до главните градови на земјите од ЕУ дека може да се победи на избори со европски ставови“. Тој рече дека ќе работи на обединување на длабоко поделената земја помеѓу умерените либерали кои гласаа за него и поддржувачите на антиимигранската Партија на Слободата на Хофер.

    Резултатите беа поздравени со олеснување и честитки од повеќе ЕУ лидери.

    Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека „Австријците ја избраа Европа и отвореноста“. Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел кој ја води центристичко левичарската Социјалдемократска партија рече дека е „симнат голем товар во умот низ цела Европа“. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц ја нарече победата „пораз за антиевропејскиот назаден популизам“.

    Истражувањата на јавното мислење до последен момент покажуваа рамноправна и непредвидлива битка за гласачите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира