ОРБАН ГО НАПАДНА БРИСЕЛ ДЕКА Ѝ ОБЈАВУВА ВОЈНА НА УНГАРИЈА СО ПЛАНОТ ЗА БРЗ ПРИЕМ НА УКРАИНА

    ОРБАН ГО НАПАДНА БРИСЕЛ ДЕКА Ѝ ОБЈАВУВА ВОЈНА НА УНГАРИЈА СО ПЛАНОТ ЗА БРЗ ПРИЕМ НА УКРАИНАОрбан во предизборната кампања ги прикажува Киев и Брисел како закани за независноста на Унгарија (Фото: Фејсбук)

    Виктор Орбан остро го критикуваше планот на Европската Унија за брз прием на Украина, велејќи дека тоа е отворено објавување војна против Унгарија.

    Европската комисија разгледува план за забрзан прием на Украина, која првично би добила делумно членство, пред да ги доврши сите барани реформи. Володимир Зеленски притиска за членство на Украина во ЕУ уште во 2027 како дел од мировен договор со Русија.

    Орбан, кој е близок сојузник на Русија, остро се противи на ова. Европската комисија и самите земји-членки бараат начини за заобиколување на унгарското вето, па дури бараат од Доналд Трамп да изврши притисок врз Орбан.

    Тоа би било отворено објавување војна против Унгарија. Тие одлучија Украина да биде примена во Унијата уште во 2027 година. Тие ја игнорираат одлуката на унгарскиот народ и решени се да ја отстранат унгарската влада со сите потребни средства“, напиша Орбан на Икс, додавајќи дека планот од пет точки на Зеленски е најновиот воен план на Киев и Брисел.

    Унгарците излегуваат на избори во април, на кои Орбан ќе се соочи со најголемиот предизвик во своето владеење, имајќи предвид дека неговата партија Фидес заостанува во анкетите. Тој постојано се судираше со Зеленски и во кампањата ги прикажува Киев и Брисел како закани за независноста на Унгарија.

    „Овој април Унгарците мора да ги спречат. Фидес е единствената сила која стои меѓу Унгарија и бриселската власт и единствената гаранција за унгарскиот суверенитет“, порача Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира