ОРБАН НЕМА ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ГРУЕВСКИ, СЕ ДРУЖИ СО ЧАК НОРИС

    ОРБАН НЕМА ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ГРУЕВСКИ, СЕ ДРУЖИ СО ЧАК НОРИСОрбан го одведе Чак Норис на тренинг на унгарски командоси. - Иако премиер, Орбан глумеше и личен шофер на Чак Норис (Фото: Фејсбук/Виктор Орбан)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со легендарниот американски актер Чак Норис при неговата посета на Будимпешта и потоа го одведе на тренинг на елитна противтерористичка единица.

    Седумдесет и осумгодишниот Норис допатува во Унгарија за да присуствува на отворањето на баптистичка хуманитарна организација.

    Само ден откако изјави дека „нема време да дише, а камоли да се занимава со Никола Груевски“, кој доби азил во Унгарија, Орбан лежерно се дружеше со филмскиот акционен херој, кој, исто така, е познат по конзервативни ставови. Орбан лично ги одвезе Норис и неговата сопруга на тренинг на унгарските командоси, според видеото објавено денеска на неговата официјална страница на Фејсбук.

    „Имам читано многу за вас, па имам чувство како одамна да ве познавам“, му кажа Норис на Орбан, кој на тоа додаде дека „90% од медиумските извештаи за него се негативни затоа што мрази либерали“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира