ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Е ВО НАШИ РАЦЕ И МОРА ДА СЕ ПЛАТИ ПАТАРИНА, ВЕЛИ ИРАН

    ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Е ВО НАШИ РАЦЕ И МОРА ДА СЕ ПЛАТИ ПАТАРИНА, ВЕЛИ ИРАНПретседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф ја предводеше делегацијата на Иран во преговорите so САД во Пакистан. (Фото: Кабинет на премиер на Пакистан)

    „Ормускиот Теснец е во рацете на Иран и мора да се платат патарини“ , рече заменик-претседателот на иранскиот парламентот Хаџи Бабаеи. Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, не го спомена Ормутскиот Теснец на својата прес-конференција по неколкучасовните разговори со Иран во Пакистан.

    Важниот воден пат, низ кој обично минуваат околу 20% од светската нафта и течен природен гас (LNG), беше камен на сопнување во разговорите. Клучен дел од условното примирје што е во сила меѓу САД и Иран е безбедното поминување на бродовите низ теснецот.

    Бабаеи, изјави дека теснецот е црвена линија за Техеран, објави новинската агенција Мерс, која е поврзана со Организацијата за исламска пропаганда. Тој вели дека теснецот е целосно во рацете на Иран и „неговите патарини мора да се платат во ријали“ – иранската валута.

    Првиот потпретседател на Иран, Реза Ареф, изјави дека Техеран барал признавање од САД за неговата контрола врз транзитот низ Ормускиот Теснец во пропаднатите преговори во Исламабад. Ареф рече дека тоа што Иран има „власт во Ормускиот Теснец“ и бара надомест за штетата предизвикана од американските и израелските напади се „права на (иранскиот) народ“.

    „Ова е нашата цврста посветеност на силен Иран“, напиша тој на социјалните мрежи.

    Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп инсистираше дека теснецот „наскоро ќе биде отворен“ во вчерашната објава на неговата страница на Трут соушал. Централната команда на САД, исто така, вчера соопшти дека два разорувачи на морнарицата „транзитирале низ Ормускиот Теснец“ како дел од поширока мисија за чистење на водниот пат од морски мини. Но, Иран го негираше тврдењето дека двата брода пловеле низ областа.

    Иранската револуционерна гарда соопшти дека „секој обид на воени бродови да поминат низ Ормускиот Теснец ќе биде строго казнет“, објави новинската агенција АФП, цитирајќи го државниот радиодифузер ИРИБ.

    Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека разговорите со САД во Исламадад, кои завршија без договор, биле водени во атмосфера на недоверба. „Природно е што не требаше да очекуваме да постигнеме договор само за една сесија“, изјави портпаролот, цитиран од иранските медиуми.

    Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, кој ја предводеше делегацијата на Иран во преговорите во Пакистан, вели дека сега е време САД „да одлучат дали можат да ја заслужат нашата доверба или не“. Во објава на X, Галибаф вели дека пред преговорите нагласил оти Иран имал „добра волја“, но поради искуствата од двете претходни војни „немал доверба во спротивната страна“. Тој вели дека иранската делегација „покренала иницијативи насочени кон иднината, но спротивната страна на крајот не успеала да ја добие довербата на иранската делегација во оваа рунда преговори“. Тој додаде: „Ние ниту за момент нема да ги прекинеме нашите напори за консолидирање на достигнувањата од четириесетте дена национална одбрана на Иран“. Рече дека преговорите биле „интензивни“ и му се заблагодари на Пакистан за олеснување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира