ОСКАРИТЕ ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВААТ НА ЈУТЈУБ ОД 2029

    ОСКАРИТЕ ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВААТ НА ЈУТЈУБ ОД 2029Режисерот Шон Бејкер со четирите оскари освоеини за „Анора“ оваа година (Фото: АП)

    Церемонијата на доделување Оскари ќе се емитува на Јутјуб од 2029 година, објави Академијата за филмски уметности и науки. „Еј-Би-Си“ ќе продолжи да го пренесува настанот до 2028, кога ќе биде 100. доделување на Оскарите.

    Но, почнувајќи од 2029 година, Јутјуб ќе ги има глобалните права за пренос на Оскарите до 2033, вклучувајќи ги јавувањата од црвениот тепих и објавувањето на номинациите.

    „Возбудени сме што влегуваме во глобално партнерство со Јутјуб, кој ќе биде иден дом на Оскарите и на целогодишната програма на Академијата. Ние сме меѓународна организација и ова партнерство ќе ни овозможи да го прошириме пристапот до најголемата можна светска публика“, рекоа извршниот директор на Академијата, Бил Крамер и претседателката Линет Хауел Тејлор.

    Јутјуб моментално има околу две милијарди гледачи и Оскарите ќе се пренесуваат бесплатно.

    Еј-Би-Си“ е домаќин на Оскарите речиси целата своја историја, откако ги доби правата за нив во 1961. Освен периодот од 1971 до 1975 година, кога „Ен-Би-Си“ повторно го вршеше преносот, Оскарите постојано се одеа на „Еј-Би-Си“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира