ОСУММИНА ПРОБОДЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО МИНЕСОТА, НАПАЃАЧОТ УБИЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Минесота,(Скај)

    ОСУММИНА ПРОБОДЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО МИНЕСОТА, НАПАЃАЧОТ УБИЕН

    Осум луѓе беа повредени во напад со нож во трговски центар во Сент Клауд во американската држава Минесота. Шефот на локалната полиција Блер Андерсон кажа дека напаѓачот „го спомнал Алах“ за време на нападот во саботата вечер во трговскиот центар „Кросроудс“.

    „Имаме потврда дека тој прашал најмалку една личност дали е муслиман пред да ја нападне“, додека тој.

    Полицијата не даде други детали за осомничениот, кој беше убиен од полицаец, кој во тој момент не бил должност.

    Напаѓачот, кој бил вооружен со нож и носел униформа од приватна компанија за обезбедување, и бил познат на полицијата, но само поради мали сообраќајни прекршоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира