ОСВОЈУВАЊЕ НА ХАРКИВ НЕ Е ЦЕЛ НА РУСИЈА, КАЖА ПУТИН

    ОСВОЈУВАЊЕ НА ХАРКИВ НЕ Е ЦЕЛ НА РУСИЈА, КАЖА ПУТИНРуските сили изненадувачки отворија нов фронт минатиот петок (Фото: Гети)

    Владимир Путин изјави дека освојување на Харкив не е дел од моменталните планови на Русија, туку руските сили дејствуваат во овој регион за да се создаде тампон зона која би ја направила Русија побезбедна.

    „Сите воени операции во Украина се одвиваат според план“, кажа Путин додека е во посета на Кина.

    Руските сили изненадувачки отворија нов фронт минатиот петок кога извршија прекуграничен напад во североисточна Украина. Тие во меѓувреме зазедоа десетина погранични села и влегоа во градот Вовчанск, оддалечен пет километри од границата.

    Шефот на украинската војска Олександр Сирски изјави дека руските сили ја проширија зоната на активни борби за речиси 70 километри откако упаднаа во харкивскиот регион. Иако украинскиот претседател Зеленски кажа дека фронтот е стабилизиран, Сирски очекува борбите да се засилат и да се преселат и во северниот регион Суми.

    „Руските сили напредуваа десет километри во еден дел во регионот Харкив, но ситуацијата сега е стабилизирана“, рече Зеленски.

    Според Институтот за проучување војна, руските трупи имаат освоено територија од 278 квадратни километри од 9 до 15 мај, најмногу во една операција од средина на декември 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира