ОТВОРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ ПЕЈАЧОТ НА „РАМШТАЈН“ ПО ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА НА КОНЦЕРТИТЕ РЕГРУТИРАЛ ДЕВОЈКИ ЗА СЕКС

    ОТВОРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ ПЕЈАЧОТ НА „РАМШТАЈН“ ПО ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА НА КОНЦЕРТИТЕ РЕГРУТИРАЛ ДЕВОЈКИ ЗА СЕКСТил Линдеман ги негираше обвинувањата (Фото: АФП)

    Германската полиција отвори истрага против пејачот на „Рамштајн“, Тил Линдеман, кого го обвинуваат за серија сексуални напади. Одреден број жени излегоа со сведоштва дека биле регрутирани за секс на концертите на германската метал група.

    Шелби Лин од Северна Ирска кажа дека верува дека во нејзината пијачка била ставена дрога и дека ја терале на секс.

    Шеесетгодишниот Линдеман ги негираше обвинувањата, а неговите адвокати кажаа дека тие без исклучок се неточни. Полицијата соопшти дека отворила истрага на своја иницијатива, но и врз основа на неколку кривични пријави поднесени од трети лица, кои не биле директно вмешани во инцидентите.

    Дваесет и четиригодишната Лин неодамна збореше за постоење на организиран систем на привлекување девојки и дека ја одвеле во мала соба на концертот во Литванија, каде што потоа дошол Линдеман. Таа вели дека заминала откако сфатила дека станува збор за сексуална работа.

    Нејзиното обвинување беше следено од други слични изјави, во кои се спомнуваше Русинка, за која се верува дека регрутирала фанови за Линдеман, така што ги канела на забави пред и по концертите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира