ОВА Е КАКО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД – НАЈМАЛКУ ПЕТ МРТВИ И 100 ПОВРЕДЕНИ ВО НЕВРЕМЕТО ВО ПЛАНИНИТЕ ТАТРИ

    ОВА Е КАКО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД – НАЈМАЛКУ ПЕТ МРТВИ И 100 ПОВРЕДЕНИ ВО НЕВРЕМЕТО ВО ПЛАНИНИТЕ ТАТРИВластите велат дека невремето удрило откако денот почнал сончево и без облаци (Фото: АП)

    Три лица уште се водат како исчезнати по ненадејното невреме што ги погоди планините Татри во Полска и Словачка, во кое од удари на гром загинаа пет луѓе и повредени се над 100.

    Шефот на итните служби во регионот на Татри Јан Кжиштов изјави дека денот почнал сончево и без облаци, по што наеднаш настапило силно невреме.

    Оваа ситуација доведе до таква мобилизација што можеме да ја споредиме со терористички напад. Погодени се голем број луѓе, вклучувајќи и деца. Има изгореници, скршени нозе, повреди по целото тело. Со вакво сценарио никогаш досега не сме се соочиле“, кажа Кжиштоф.

    Спасувачките служби ги пребаруваат падините на популарниот врв Гиевонт на 1.894 метри, кадешто исчезнале три лица. Најтешкиот инцидент се случи токму на овој врв, кадешто гром удрил во 15 метри висок метален крст во моментите кога горе се наоѓале голем број планинари.

    Властите соопштија дека има четворица загинати во Полска, од кои две деца, како и еден чешки турист во Словачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира