ОВА Е ПОЧЕТОК НА ЗЛАТНАТА ДОБА НА АМЕРИКА, КАЖА ТРАМП И ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКО

    ОВА Е ПОЧЕТОК НА ЗЛАТНАТА ДОБА НА АМЕРИКА, КАЖА ТРАМП И ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКОТрамп кажа дека му бил доделен мандат за да го запре падот на Америка (Фото: Гети)

    Златната доба на Америка почнува сега, кажа Доналд Трамп во својот прв говор како 47. претседател на САД. Најавувајќи дека ќе ја стави Америка на прво место, тој порача дека земјата ќе процвета и ќе биде почитувана.

    Ќе го вратиме нашиот суверенитет, ќе ја вратиме нашата безбедност. Наш главен приоритет ќе биде да создадеме нација која е горда, просперитетна и слободна. Нема да потфрлиме. Од овој ден, Америка ќе биде слободна, суверена и независна држава. Иднината е наша“, рече тој.

    Трамп продолжи дека Америка наскоро ќе стане поголема, посилна и поисклучителна од кога било.

    Ова е почеток на возбудлива нова ера на национален успех. Сончевата светлина се истура врз целиот свет и Америка има шанса да ја искористи оваа можност како никогаш досега“, рече Трамп, додавајќи дека самоуверено и оптимистички ѝ се враќа на функцијата.

    Тој ги нападна политиките на својот претходник Џо Бајден и како се справувал со мигрантската криза.

    Претходната влада им даде засолниште и заштита на опасни криминалци кои илегално влегоа во нашата земја. Владата имаше неограничени средства да брани странски граници, а одби да ги брани американските граници“.

    Кажа дека му бил доделен мандат за да го запре падот на Америка и дека на Американците ќе им ги врати нивните верба, богатство, демократија и слобода.

    Со секоја криза ќе се справуваме со достоинство, сила и моќ. Ќе го вратиме просперитетот на граѓаните од сите раси, вери и бои. 20 јануари 2025 е ден на ослободувањето. Се надевам дека последните избори ќе бидат запаметени како најголеми и најзначајни во историјата на нашата земја“.

    Тој најави дека веднаш ќе почне да потпишува извршни наредби, меѓу кои и прогласување на вонредна состојба на американско-мексиканската граница и означување на наркокартелите како странски терористички организации.

    Илегалното влегување во земјата веднаш ќе биде запрено, а владата ќе почне процес на враќање на милиони криминални странци таму од каде што дошле“, вети Трамп.

    Најави дека Америка повторно ќе биде производствена земја и дека ќе ги користи своите резерви на нафта и природен гас.

    Америка повторно ќе биде богата земја зашто имаме течно злато под нашите нозе. Американскиот сон ќе се врати и ќе се развива како никогаш досега“.

    Тој најави укинување на цензурата и на програмите за различност, еднаквост и инклузија во федералната влада и додаде дека бил сериозен кога рекол дека САД ќе ја повратат контролата врз Панамскиот Канал. Прогласи вонредна енергетска состојба во обид да ги намали цените и најави воведување царини и даноци за странски земји.

    Моето најгордо наследство ќе биде како миротворец и обединувач. Тоа е она што сакам да бидам, миротворец и обединувач“, заврши Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира