ОВА Е САМО ПОЧЕТОК НА ОДМАЗДАТА КОН ХАМАС, ВЕЛИ НЕТАНЈАХУ, ВО ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА БОРБИ

    ОВА Е САМО ПОЧЕТОК НА ОДМАЗДАТА КОН ХАМАС, ВЕЛИ НЕТАНЈАХУ, ВО ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА БОРБИИзраел жестоко ја бомбардира Газа и навестува копнена офанзива (Фото: Гети)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ова е само почеток на она што Хамас ќе го искуси како казна за саботниот изненадувачки напад на земјата, по кој бројот на жртвите расте од час во час.

    Она што Хамас ќе го искуси ќе биде тешко и ужасно. Ова е само почеток. Ќе ги поразиме со огромна сила. Нашиот одговор ќе го промени Блискиот Исток“, изјави Нетанјаху при посетата на јужен Израел.

    Израелската јавна телевизија „Кан“ објави дека бројот на загинати во Израел пораснал на 800, а 2.400 се повредени. Во воздушните напади на Газа загинале речиси 600 Палестинци. Потврдена е смрт на деветмина американски и на двајца француски државјани, а десетмина британски граѓани се водат како мртви или исчезнати.

    Израел вчера и формално објави дека е во војна и повика 300.000 воени резервисти, што навестува дека се подготвува за копнена офанзива на Газа. Прогласена е целосна опсада на палестинската енклава која е дом на 2,3 милиони луѓе, при што се прекинува снабдувањето со струја, вода, храна и гориво.

    Портпаролот на Израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, изјави дека Израел сега ги контролира сите населени места и веќе нема борби на територијата на Израел, но постои можност дека некои милитанти на Хамас сѐ уште се кријат.

    Се евакуираат сите комуни покрај граничната жица“, додаде Хагари, додавајќи дека продолжуваат воздушните напади на Газа.

    Ал Џазира“ објави дека во еден таков напад бил погоден бегалскиот камп Џабалија, при што загинале над 50 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира