ПАКИСТАН ГО БОМБАРДИРАШЕ АВГАНИСТАН И ВЕЛИ ДЕКА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ СЕ ВО ОТВОРЕНА ВОЈНА

    ПАКИСТАН ГО БОМБАРДИРАШЕ АВГАНИСТАН И ВЕЛИ ДЕКА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ СЕ ВО ОТВОРЕНА ВОЈНААвганистан потврди дека се нападнати и најголемите градови во земјата (Фото: Гети)

    Пакистан бомбардираше талибански владини мети во големите градови во Авганистан, кажаа официјални лица од двете земји, при што пакистанскиот министер за одбрана Хаваја Мухамад Асиф го опиша конфликтот како отворена војна. Безбедносни извори од Пакистан изјавија дека имало воздушни и копнени напади врз талибански пунктови, седишта и складишта на муниција во повеќе сектори долж границата.

    Двете страни известија за тешки борби.

    Чашата на нашето трпение се прелеа. Ова е сега отворена војна помеѓу нас и Авганистан“, изјави пакистанскиот министер Асиф.

    Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид кажа дека пакистанските сили изведуваат воздушни напади врз делови од Кабул, Кандахар и Пактија.

    Постои опасност нападите да прераснат во продолжен конфликт по долготрајните обвинувања на Исламабад дека Кабул им дава засолниште на милитанти кои вршат напади во Пакистан. Талибанците го негираа ова и рекоа дека безбедноста на Пакистан е внатрешен проблем.

    Пакистанските контранапади врз цели во Авганистан продолжуваат. Акцијата е одговор на неиспровоцираните авганистански напади“, изјави портпаролот на пакистанската влада Мошараф Заиди.

    Тој кажа дека се убиени 133 талибански борци и дека се уништени 27 пунктови, додека Авганистан објави дека се убиени 55 пакистански војници.

    Пакистан беше во состојба на висока готовност откако претходно оваа недела лансираше воздушни напади врз наводни кампови на групата Техрик-е-Талибан (ТТП) и милитанти на Исламска држава во источен Авганистан. Кабул кажа дека во тие напади загинале 19 цивили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира