ПАПАТА ФРАЊО ОДИ НА ИТНА ОПЕРАЦИЈА НА СТОМАКОТ

    ПАПАТА ФРАЊО ОДИ НА ИТНА ОПЕРАЦИЈА НА СТОМАКОТПапата вчера бил на 40-минутен преглед во болница (Фото: Ватикан медија)

    Папата Фрањо ќе оди на итна операција на стомакот денеска во римската болница „Џемели“, соопшти Ватикан. Оттаму додаваат дека неговиот лекарски тим заклучил дека операцијата е потребна и се очекува папата да остане во болницата неколку дена.

    „Операцијата на стомачниот ѕид ќе се изведе под целосна анестезија“, објави Ватикан.

    Ова следува откако папата вчера бил на 40-минутен преглед во истата болница.

    Папата беше опериран и пред две години, кога му беше отстранет дел од дебелото црево поради болна состојба наречена дивертикулитис. Тој порано оваа година кажа дека оваа состојба му се вратила.

    Папата се мачи и со постојани болки во колено, но лани кажа дека не сака да се оперира зашто имал непријатни несакани ефекти од анестезијата од операцијата на дебелото црево.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира