ПАПАТА ФРАЊО ПРИСТИГНА ВО СОФИЈА, ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ОДБИ ПОВИКОТ ЗА ЗАЕДНИЧКА МОЛИТВА

    ПАПАТА ФРАЊО ПРИСТИГНА ВО СОФИЈА, ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ОДБИ ПОВИКОТ ЗА ЗАЕДНИЧКА МОЛИТВАПапата Фрањо беше пречекан од бугарскиот премиер Борисов на аеродромот во Софија (Фото: АП)

    Папата Фрањо беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов кога денеска ја почна тридневната посета на Бугарија и Македонија. Тој ќе се сретне и со претседателот Румен Радев, но Светиот синод на Бугарската православна црква ја одби можноста да одржи заедничка литургија со папата.

    „Сакаме да нагласиме дека секоја форма на заедничка литургија или друг вид црковна служба е неприфатлива за нас, бидејќи светите канони не ни го дозволуваат тоа“, соопшти Светиот синод пред доаѓањето на папата.

    Папата Фрањо посакуваше утре на плоштад во Софија да одржи заедничка молитва за мир, но Православната црква објави дека ќе испрати само детски хор. Тој сепак ќе се сретне со патријархот Неофит и планира да посети центар за бегалци во близина на Софија, повикувајќи ги Бугарите да ги отворат своите срца и домови за мигранти.

    „Среќен сум што можам да му посакам добредојде на човекот кој е симбол на верата во нашиот свет. Молитвите за мир на папата Фрањо се екстремно важни за нашиот регион, кој се простира од Украина на истокот до Западниот Балкан“, изјави Борисов на аеродромот во Софија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира